ВИДЕО: Снегот предизвика хаос во Русија

Снежна бура предизвика хаос во Русија. Откажани се голем број летови на московските аеродроми, а има и застој во сообраќајот.

Се очекува снежната покривка да достигне над 10 сантиметри.

Бидејќи во Русија снегот не е необична појава, туку напротив, секоја година има обилни врнежи, вистинско изненадување е тоа што годинава тој им предизвика хаос и ги начека неподготвени.