Свет

Видео: Снежен ѕид во Бафало

Видео: Снежен ѕид во Бафало

Kога метеоролозите ќе кажат дека се работи за „ретка појава“ значи дека поим немаат што се случило.

Во снежната бура која го зафати Бафало и околината, каде наврнало околу метар и половина снег, животот го изгубија најмалку седумина лица.

Метеоролозите велат дека никогаш не виделе радарски слики како оние кои ги виделе од ѕидот снег кој го проголта и преплави градот Бафало во Њујорк… За нив тоа е „ретка појава“.

Воздушните фотографии и снимки од Бафало, откриваат дека ретката појава наречена снежен ѕид буквално го проголтала градот и околината.