ВИДЕО: Снежнaта бура во Бафало однесе осум жртви

Бројот на жртви во силното снежно невреме што го зафати регионот на Бафало, во американската сојузна држава Њујорк, достигна осум лица, а за денеска се очекуваат нови снежни врнежи.

Остануваат затворени голем дел од патиштата, каде се напуштени илјадници возила, откако некои од возачите останаа заглавени два дена.

– Останете во своите домови – повика на прес конференција гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо.

Тој, исто така, ги повика возачите да ја почитуваат забраната за движење, за да може да се расчисти снегот.

Во некои делови на Бафало снежната покривка достигна 1,5 метри за 24 часа, колку што вообичаeно наврнува во текот на цела година.

Според метеоролозите,температурата нагло ќе се зголеми в недела, по што постои опасност од појава на поплави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.