ВИДЕО: Снежно невреме погоди дел од САД

Масовни врнежи од снег го зафатиле западниот дел од американската сојузна држава Њујорк, јавува новинската агенција „Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.

Според првичните информации на надлежните, наврнале повеќе од 1,5 метри снег вчера и тоа за само неколку часа.

Метеоролошката служба на САД предупредува дека се очекува силно снежно невреме во четврток. Температурите во овој дел паднале под нулата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.