Магазин

Видео: Снимен дух во дворецот каде нацистите мачеле и убивале

Видео: Снимен дух во дворецот каде нацистите мачеле и убивале

Дворецот се наоѓа на Островот кој го изградило германско-чешкото семејство Шлик. За време на Втората светска војна, дворецот го презеле нацистите и го претвориле во концетрационен логор во кој ги мачеле и убивале сите оние кои биле против овој режим.

„Поради ова повеќе не се осудувам сама да влезам во музеј“, изјавила за чешката Нова Тв, Јана Дворакова, која таму неколку години работи како водич.

Таа вели дека никогаш немало добро претчувство во врска со ова место, а сега навистина се плаши. Дворецот го посетила и детективката за паранормалост, Хана Макеова.

„Во некои простории почувствував т.н. „негативни зони“. Овде нешто дефинитивно не е во ред. Почувствува слабост и на крај морав да ја напуштам зградата“, во шок раскажала Макеова.

Вработена во општината, Зузана Железна во дворецот има канцеларија и тврди дека преку ноќ некој и ги преместува работа.

„Знаеме дека никој не ги чисти собите во кои тоа се случува и дека тие се цврсто заклучени“, објаснува таа.

„Според семејната легенда, првиот сопственик на дворецот Јозеф Хајнрих Шлик секогаш со себе го носел својот сребрен ковчег, дури и во бутиците. Во него носел важни документи и кованици. Легендата вели дека ковчегот продолжил верно да го чува и по својата смрт“, вели Железна.

Франц Јозеф за време на својот живот бил многу позитивна личност која својот живот го поминала унапредувајќи ги образованите, економските и агромонските реформи.