ВИДЕО: Снимен падот на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Видео снимка од падот на полицискиот хеликоптер, во кој загинаа четворица искусни пилоти на МВР, објави битолската телевизија Орбис.

Во трагичната несреќа вчеравечер загинаа Драги Мицев, началник на хеликоптерската единица на МВР, роден 1969 година, во Струмица, Маријан Трајковиќ, капетан, роден 1967 година во Куманово. Тоде Орешков, воздухопловен инспектор, роден 1970 година во Кавадарци и Иљо Лопатички од Битола, роден 1968 година.

Хеликоптерот се урна синоќа во близина на Кванташкиот пазар во Струмица, а според кажувањата на очевидци, пред да падне, кружел неколку минути во воздух. Пред падот леталото на полицијата удрило во антена на Македонско радио, висока 120 метри.

Министерката Јанкулоска денеска одржа потресна прес-конференција, на која рече дека надлежните истражуваат дали антената била соодветно обележана.