ВИДЕО: Сноуден ве советува какви лозинки треба да користите

-Лошите лозинки се еден од најлесните начини да го загрозите системот. Кај оние што имаат доста вообичаена лозинка од осум знаци, на компјутерот му се потребни дословно помалку од една секунда за да ги прегледа сите можности и да ја извлече, изјави Сноуден на почетокот на разговорите со американскиот режисер, сценарист и продуцент Оливер Стоун.

Оливер предложил на шега неколку варијанти за кои Сноуден требало да каже дали се добри, а патем појаснил и зошто лозинките не треба да бидат вообичаени зборови и броеви.

– Сметам дека најмногу ќе ви помогне ако престанете да размислувате за лозинките како зборови, туку да почнете да размислувате за лозинките како за фрази. Смислете подолга фраза за која не постои веројатност дека ќе биде во речникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.