ВИДЕО: Со голф стап го уништи својот Мерцедес

Изреволтиран сопственик на бесен Мерцедец Бенц S63 AMG од Кина со помош на голф стап буквално го смачка својот луксузен германски автомобил.

Овој триесет и тригодишен сопственик го сторил ова во знак на протест против локалниот застапник на Мерцедес од каде го купил возилото.

Тој ги известил дека моторот на мерцедесот престанал да работи во три наврати. Оттаму му рекле дека ќе извршат промена на автомлбилот доколку повторно престане моторот.

Кога моторот престанал да работи по четврти пат, додека возачот бил зад воланот, а со него во автомобилот било и неговото семејство, тој веднаш отишол кај застапниците со кои имал договор. Меѓутоа работниците му рекле дека не смеат да сторат ништо се додека нивниот шеф не се врати од бизнис патувањето.

Несреќниот човек, не воодушевен од одговорот, решил да сторил нешто со свои раце. Земал голф стап и започнал да оштетува делови од луксузниот автомобил.

Погледнете…