Магазин

ВИДЕО: Со реге против вирусот Зика!

ВИДЕО: Со реге против вирусот Зика!

Министерството за здравство во Јамајка очигледно на најинтересен начин се справува со опасностите кои ги носи вирусот Зика.

Ова Министерство објави видео спот во реге стил, под наслов „Ние не сакаме зика вирус“.

Ѕвезда на видеото е гинекологот Мајкл Абрамс, кој преку песна енергично ги советува луѓето како да ги избегнат потенцијално опасните комарци во своите домови.

Живописните стихови вклучуваат совети како да ги исчистите сите места во домот каде комарците можат да се вгнездат, да бидете сигурни дека никаде немате „стоечка“ вода, вклучувајќи ја и онаа во вазната со цвеќето.

Абрахам специјално ги советува бремените жени и ги упатува како да се заштитат себе си и своето дете од вирусот, кој потенцијално е поврзан со микроцефалија.