ВИДЕО: Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје

Ноќеска, еден час по полноќ во центарот на Скопје, пред зградата на Владата на Република Македонија се случи тешка сообраќајна несреќа во која неколку лица се повредени, пишува „Курир“.

Според информации од очевидците, непочитувањето на сообраќајната сигнализација и првенството на минување е причината за сообраќајна несреќа.

Од Министерството за внатрешни работи сеуште нема информации за несреќата. Погледнете го видеото кое беше објавено на Фејсбук страната Ѕид на сообраќајниот срам.