ВИДЕО: Сопругата го расплака со својот подарок

Една жена од САД му приреди неверојатно совршено изненадување на својот сопруг за неговиот роденден. Го навела да мисли дека му подарува часовник, меѓутоа нејзиниот подарок е нешто што не се споредува со ништо друго.
Својот подарок – позитивен тест за бременост го завиткала слично како часовникот на Епл, а реакцијата на сопругот ја снимала со мобилен телефон.
Нејзиниот сопруг седел на кревети во моментот кога му нареди да ги покрие очите со рака, а потоа му го врачи подарокот.
– Ова планирав да ти подарам веќе подолго време, му кажа, а тој потоа ги отвори очите и убаво се изненади.
– Ох ,навистина часовник?!, но кога ја отвори пластичната кутија виде позитивен тест за бременост.
 Молам? Се шегуваш, изусти за кратко, а потоа хистерично се расплака од среќа.
На крајот од видеото, жената објавува „Ќе добиеме бебе“, а сопругот ја вика да ја прегрне.
Откако е објавено емотивното видео на ЈуТјуб прегледано е 35.000 пати, а заработи и многу позитивни коментари.