ВИДЕО: Сопругот и го приреди изненадувањето на животот

„Мојата сопруга отсекогаш сакала да оди во Англија, но секогаш сме немале пари за патување. Поради тоа, штедев една година и најпосле можев да ја остварам нејзината голема желба“, вака објаснува Роб Вилтси за својот потег и подарок со кој ја изненади својата сопруга.

Роб на YouTube го објави видеото на кое е снимен моментот кога ѝ го подарува изненадувањето на својата жена – патување во Лондон. Но, не само што со тоа ѝ го оствари животниот сон, туку тоа го направи и на доста оригинален начин кој сопругата ја трогна до солзи.