ВИДЕО: Создаде уметничко дело за само девет минути

На овој талентиран Бразилец му беа потребни само неколку минути за да наслика навистина неверојатен пејзаж.

На сиромашните уметници не им треба многу за да направат свое единствено уметничко дело. Во тоа не’ увери и еден човек од Бразил кој за девет минути креираше преубаво уметничко дело кое би можело да се спореди и со некои од најпознатите пејзажи.
Всушност, се работи за човек за кого слушна речиси целиот свет поради само еден видео запис кој се појави на интернет мрежата и со кој буквално ја воодушеви јавноста.

И додека на поединечни големи сликари им се потребни и повеќе денови за да ја пренесат својата фантазија на платно, на овој Бразилец му беа потребни се’ на се’ само неколку минути.