(ВИДЕО) Шпанското првенство започна со дуел без голови, но вториот ефикасен

Во првиот натпревар од новата сезона на шпанското фудбалско првенство Гирона беше домаќин на повратникот во елитната лига Вајадолид, а дуелот заврши со победлба на бодовите и без погодици.

Меѓутоа, веднаш по овој дуел Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна убедлива победа со 3:0 на гостувањето кај Бетис во Севилја.

Натпреварот беше отворен во 37 минута кога по асистенција од Џејсон, Роџер од непосредна близина ја мести топката во мрежата за водство на Леванте од 1:0, тоа беше и првиот гол во новата сезона во Примера.

По девет минути игра во вториот дел беше постигнат еден од антологиските голови во шпанското елитно натпреварување. Имено напаѓачот на гостите Моралес со топката претрча 77 метри нанижувајќи патем повече домашни играчи и интелигентно го измами и противничкиот голмант за удвојувње на водството. Моралес подоцна во финишот не успеа да реализира стопроцента шанса, но затоа веќе во следниот напад во петтата минута од судиското проолжение ги потврди своите реализаторски квалитети за конечните 3:0 за Леванте.

Бранителот на титулата Барселона во сабота ќе му биде домаќин на Алавес (22,15 часот), а Реал Мадрид во истиот термин но во недела ќе го пречека Хетафе.

Најинтересниот дуел од првото коло на Ла Лига ќе биде соочувањето меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид, кој ќе се одигра во понеделник со почеток во 20 часот.