ВИДЕО: Спектакуларен огномет за Нова Година над скопскиот плоштад

Голем број скопјани добредојде на Новата 2014 година и’ посакаа од плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Скопјани ги забавуваа македонските музички ѕвезди-Калиопи, Тијана Дапчевиќ, реобединетото музичко дуо „Куку Леле“ и младиот изведувач на народни песни Мустафа Имери.

Точно на полноќ, небото над Скопје беше осветлено со спектакуларен огномет.