ВИДЕО: Србите ќе „летаат“ до Будимпешта

За модерната пруга која би требало да ги спои Белград и Будимпешта се говори веќе неколку години, а по состанокот на српскиот премиер Александар Вучиќ со претседателот на кинеската Влада, Ли Кечијанг, на кој се разговарало за идниот проект за супер брза пруга Белград – Будимпешта, стана јасно дека граѓаните на Србија наскоро ќе „летаат“до унгарската претстолнина.

Главниот инженер на кинеската железничка корпорација, Хе Хуаву за време на последната посета на Белград кон крајот на минатата година изнел предлог врз основа на искуството од Кина како да се направи модернизација на пругата која ќе биде соодветна за предвидената брзина на возовите.

Тогашниот министер за сообраќај, Александар Антиќ рекол дека според првобитните проценки модернизацијата на делница од пругата во Србија би чинела 885 милиони евра, а во Унгарија 1,5 милијарди евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.