Видео: Средба со џиновска анаконда во Бразил

Тројца Бразилци, пловејќи со чамец во реката Санта Марија, наидоа на џиновска анаконда за која се проценува дека е долга околу 6 метри.

Сниката се појави на интернет во петокот, а досега има повеќе од 1,5 милион прегледи.

По прегледот на синмката, бразилските власти на оние кои налетаа на анакондата им напиша казна од 600 долари за вознемирување на животно, а започната е и кривична постапка против нив. Според бразилските закони на овие три лица им се заканува и казна затвор од 18 месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.