Свет

ВИДЕО: Српска манекенка пронајдена мртва во САД

ВИДЕО: Српска манекенка пронајдена мртва во САД

Во американскиот град Шарлот убиена е државјанката на Србија, Мирјана Пухар (19) учесничка во натпреварот „Американски топ модел“, пренесува српски „Курир“.

Полицијата по неколкучасовна потрага го уапси 19-годишниот Емануел Џизус Ренџел кој е оснмничен за трикратно убиство. Освен Пухар, убиени се и Џонатан Алварадо (23) и Хусмар Гонсаго Гарсија (21).

Како што пренесуваат неофицијално американските медиуми, манекенката била пронајдена во нејзиниот стан каде што неодамна се вселила. Пријател на манекенката го пронашол нејзиното тело и телото на нејзиното момче. Телото на третата жртва не го забележал, но видел дека низ целиот стан се расфрлани пари.

Полицијата се сомнива дека мотивот за злосторството е поврзан со дрога и дека жртвите го познавале убиецот.

Пухар е родена во сремска Митровица, Србија, а потоа со родителите се преселила во САД.

Таа во САД прво работела во Мекдоналдс, а потоа се појавила на телевизија како кандидат за титулата „следниот топ модел на Америка“. Мирјана била елиминирана во деветтата епизода на минатогодишното шоу.

фото: kurir.rs