ВИДЕО: Српскиот потпретседател помага при евакуација на завеаните

Првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ лично учествуваше во евакуацијата на завеаните лица во снежните наноси во Србија.

Повеќе од 1000 лица се блокирани во снежните наноси во Србија, а во евакуацијата е вклучена и армијата. Првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ лично учествуваше и помогна едно дете да се пренесе до хеликоптерот.

Според информациите на патиштата на северот на Србија во моментов има осум големи и четири помали колони во застој. Војската на Србија почна веќе со евакуацијата на колоната кај Факетиќ, каде освен децата била евакуирана и една бремена жена.

Српските власти ги предупредија граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.