Видео: Стампедо од патки го сопре сообраќајот

Дали некогаш сте помислиле дека патките можат да бидат целосно застрашувачки? Навистина е тешко да се замисли дека ова животниче, кое е главен лик во многу цртани со кои сме израснале, може да го сопре сообраќајот.

Добро, една патка е тешко да го направи тоа, но кога има 100 илјади, кои заедно трчаат во само за нив познат правец, е тоа навистина е слика од која ќе ви застане здивот.

Снимката на која се гледа стампедо патки кои трчаат со брзина на светлината, како животот да ќе им заврши во следните неколку минути, стана хит на интернет во последните неколку дена. Не е објаснето зошто и каде брзаат, како и од каде се патките во толкав број. Оваа несекојдневна глетка е забележана со телефон, па погледнете ја…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.