ВИДЕО: Старец од 109 години плете џемпери и ги спасува пингвините

Алфи Дејт,  не е само најстариот Австралијанец, туку и голем  љубител на плетење и човек што ги сака пингвините.

Овој 109- годишен старец од Викторија, целото време го поминува во плетење џемпери за пингвините, кои се жртви на нафтените флеки кои зад себе ги оставаат бродовите.

Со ова , тој ја одржува во форма својата рака, а прави и добро дело.

Фондацијата за заштита на пингвините од островот Филип , во 2013 година почна капмања за собирање џемпери  кои се користат ворехабилитација на загрозените птици.

Кога во старскиот дом, каде што е сместен Дејт, слушнале за програмата „Плети за природата“, тој веднаш се фатил за иглите и направил неколку мали џемпери.

Дејт научил да плете уште во младоста, има седум деца, 20 внуци и исто толку правнуци. Доволно е стар за да се сети на потонувањето на Титаник (1912) како и за објавата на Првата светска војна. Освен џемпери за пингвините, Дејт плете и шалови за своите пријатели, како и костимчиња за предвреме родени бебиња.

avst

Островот Фили е дом на околу 32.000 пингвини. Во 2001 година, околу 400 птици навлегле во нафтени дамки, а благодарение на џемперите, научниците успеале речиси сите да ги спасат.

Џемперите спречуваат труење и смрзнување на пингвините чии пердуви се замачкани со нафта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.