Македонија,Политика

ВИДЕО: Стево ист како Бранко – ароганција и навреди

ВИДЕО: Стево ист како Бранко – ароганција и навреди

Очигледно дека покрај гестикулациите, Стево Пендаровски од неговиот политички ментор и гуру Бранко Црвенковски ги наследил и ароганцијата, самобендисаноста, омаловажувањата и ширењето навреди.

Имено, Пендаровски соочен со фактот дека според сите параметри, анкети, судот на јавноста и на експертите, загуби и беше послаб од претседателот Иванов во дебатата одржана на МТВ, во саботата, поранешниот советник на Црвенковски вчера обидувајќи се да го оправда својот блед настап го навреди претседателот Иванов.

„Немав голем кејф да му одговарам на Иванов, го очекував неговиот политички ментор Груевски да му кажам некои работи, бидејќи Иванов е чирак, а газдата е Груевски“, рече Прендаровски во изјавата за медиумите.

Со вакви изјави и ниското ниво на култура, а пред се со омаловажувањето на своите конкуренти и со ароганцијата која ја демонстрира, Пендаровски во обид да го копира Црвенковски, само продолжува да остава лош впечаток во јавноста. Ваквиот однос и навреда на Пендаровски кон Иванов, не е само навреда кон политичкиот соперник, туку е и тешка навреда кон граѓаните пред кои кандидатите настапија на телевизиската дебата.

Очигледна е се поголемата нервоза на канидатот на Заев и Шекеринска, која е резултат на евидентното немање поддршка во јавноста, која ни лажираните анкети на СДСМ потпишани од непостоечки субјекти не можат да ја покријат.