Видео: Стинг практикува само тантрички секс кој трае и по 7 часа

Британскиот музичат Стинг изјави дека со својата сопруга редовно практикува тантрички секс, древна азиска дисциплина на духовно поврзување со партнерот во текот на сексуалниот чин, пренесуваат британските медиуми.

Музичарот, кој пред неколку дена наполни 63 години, ја опиша својата сексуалност како „духовен чин“ кој често знае да трае и по 7 часа.

Стинг, чие вистинско име е Гордон Метју Томас Самнер, бил главен текстописец, пејач и басист на рок групата „Полис“. Како соло музичар и член на групата „Полис“ има продадено повеќе од 100 милиони плочи, добил 16 Греми награди и номиниран е за Оскар за најдобра песна.