(ВИДЕО) Сто години женска долна облека во три минути

Кога се во прашање линиите на женското тело добро е познато дека модата се менувала со годините: од „заоблини“ фигури, па до слаб „твиги“ изглед.

Интересно е да се види како во последните сто години паралелно се развивала и модата кај женската долна облека.

Модата во овој сегмент драстично еволуирала од убавите панталони со тантела од почетокот на векот, преку некои видови женски боксерки, па до корсет.

Се менуваат и границите, а магазинот „Гламур“ со ова видео потсетува и на бизарната фаза кога тангите задолжително „ѕиркаа“ под панталоните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.