Видео што ќе ве насмее до солзи: Како фудбалот и жените може да го излудат мажот?

Речиси секој ден со Европското првентсво во фудбал ни доаѓаат занимливи вести, некогаш убави, некогаш грди, но овој пат во прашање е вистински спектакл.

Овој турски навивач, како и секој маж, се друго подредил на стартот на шампионатот и на првиот меч на неговата селекција против репрезентацијата на Хрватска.

Итет Салти го облече дресот на неговиот тим, удобно се смести во дневната соба, подготвил пуканки, земал пепелник и подготвено го дочекал старот на средбата.

Сепак, неговата сопруга/девојка имала поинаков план… Погледнете каква беља му направи на Турчинот опцијата за универзален далечински управувач на паметниот телефон, а и како го докрајчи „бомбата“ на Лука Модрич за минимална победа на „коцкестите“.