понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Што се случува кога на Мадона ќе и ја исклучат струјата среде концерт

madona-1

Последни вести

Европскиот дел од турнејата на Мадона насловена „Rebel Heart World Tour“ во неделата заврши со концертот во Глазгов, но на мошне необичен начин.

Пред самиот крај на концерот во салата каде што настапуваше Мадона беше исклучена струјата! Светлата за разминување веднаш се запалиле, а со оглед на тоа што на кралицата и остана да отпее уште една песна таа одлучи да не се повлече од сцената туку остана истрајна на својот план.

Така таа заедно со обожавателите од првите редови почна да ја пее планираната песна Холидеј без микрофон, а заедно со неа пееше и целата сала.

Претставниците на салата изјавија во соопштение дека грешката не била од нивна страна, туку дека продукцискиот тим на Мадона ја исклучил струјата.

Мадона го заврши договорениот сет, а потоа одлучи да се врати и да отпее уште една песна, но нејзиниот продукциски тим веќе ја исклучи целата опрема од струја, велат претставници од салата.

madona-koncert-glazgov-1

Немојте да се обидувате да ја замолчите кралицата, одговори Мадона на Инстаграм заедно со фотографија од концертот.

Најчитани вести