ВИДЕО: Стотици евакуирани од пожарот во највисоката зграда во Дубаи

Очевидци велат дека огнот избил од двете страни на зградата, а стаклото и металот паѓале од врвот на структурата повеќе од 330 метри. Стотици луѓе се евакуирани, но за среќа нема повредени. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот неколку часа од огласувањето на алармот околу полноќ по средноевропско време.

Ова е билансот од пожарот која избувнал и ја зафати највисоката згради на светот „Torch“ во Дубаи- облакодер висок 79 ката.

Засега е непозната причината на пожарот, кој најверојатно избил на 50-тиот кат на облакодерот отворен во 2011.