ВИДЕО: Стотици птици и ја запоседнале куќата

Ширли Браун од Калифорнија деновиве преживува хорор во сопствената куќа, која е запоседната од стотици птици.

„Има од 200 до 300 птици. Вриснав неколку пати. Се обидов да ги исплашам. Беше неверојатно“, вели Ширли.

Птиците биле насекаде, на таванот, под каучот, зад телевизорот, на вентилаторот…

Птиците влегле низ оџакот. Интересно е што иако во близина има неколку куќи со оџаци, птиците се враќале во нејзиниот дом.

„Мислам дека со промена на времето, тие ќе заминат. Се надевам“, вели таа.

Птиците за разлика од оние во хорор филмовите не биле агресивни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.