Магазин

ВИДЕО: Студенти измислија машина која совршено тетовира

ВИДЕО: Студенти измислија машина која совршено тетовира

Тројца студенти од Франција ја измислија машината „Маркет Бот 3Д принтер“, која прави совршени тетоважи и на тој начин покажаа дека „тату“ мајсторите можеби станаа дел од минатото.

За да ја докажат успешноста на својот изум, тие одлучиле доброволци да направат совршен круг. Одбрале круг бидејќи е најтежок за прецизно да се нацрта со човечка рака.

Нивниот изум се покажал навистина успешен, а и лицата кои го добиле совршениот круг биле задоволни.