ВИДЕО: Сведоштва за синоќешните случувања во Париз

И во источниот дел на градот, каде што француската фудбалска репрезентација играше пријателски натпревар против Германија, на кој присуствуваше и претседателот Франсоа Оланд оддекнаа 3 истовремени експлозии.

Експлозиите  одекнаа 25 минути откако почна натпреварот. Играта продолжи. Мислев дека  е некоја шега, изјави Лудовик Клајн кој дошол од Лимож со десетгодишниот син.

Евакуацијата беше претежно тивка, освен што имаше мала турканица.

Според извори блиски до истрагата, на стадионот имало  четворица мртви, меѓу кои и „сигурно  тројца терористи”.

Психотерапевтот Марк Колкло, 43-годишник со двојно државјанство од Велика Британија и Данска, со еден колега се наоѓал на Ру де Фонтен, кога станал сведок на престрелката во еден бар.

Тој за британски Гардијан раскажува што видел.

Стоеше подготвен да пука. Десната нога  ја исфрли напред,  додека се потпираше на левата. На левото рамо држеше долга автоматска пушка. Носеше тесна облека во црна боја. Изгледаше како командант…  во воена униформа, црн џемпер, црни фармерки, чизми и капа. Беше левак и стрелаше по  3 -4  рафали одеднаш. Уби три или четири лица кои седеа надвор пред кафулето, видовме како паѓаат од столовите.

Тогаш  се помести и пукаше во прозорец на автомобил. Потоа влезе во кафулето.  Се сврте лево, па десно, а потоа отвори оган. Тогаш се наведнавме во обид да се заштитиме. Слушнавме вкупно 15 или 20  рафали, а потоа сѐ  стивна.

Се вративме кога пукањето запре и видов три лица кои сѐ уште лежеа пред кафулето. Возачот на автомобилот кон кого терористот пукаше  умираше.

Отидовме од местото на настанот и по околу 150 метри кога видовме полициски автомобили и брза  помош како доаѓаат. Иако нашите инстинкти ни говореа да бегаме, имавме силно чувство на заедништво и се вративме назад.

Бев изненаден што полицијата не врати назад во кафулето, тоа беше хорор. Можевме да видиме луѓе кои беа или убиени или ранети. Околу 10 или 12 луѓе.

Видовме мртви тела и страшни рани. Крв имаше насекаде. Она што ме изненади е дека крвта во реалниот живот е многу погуста.

Се искачивме по скалите на првиот кат и таму видовме уште сведоци и ранети. Имаше луѓе кои мораше да  се извлекуваат под ранетите тела, ова е хорор.

Луѓето не знаеа на каде да тргнат

Гардијан го објави…