ВИДЕО: Светлечки кондоми: Изненадете ја во мракот

Според многумина сексот е идеално поле за игра и креативност, а произведувачите на презервативи тоа го потврдија уште еднаш со еден необичен патент.

Колку ли би било возбудливо доколку вашите интимни делови од телото светат за време на секс? Токму тоа ви го овозможува грчкиот производ со врвен квалитет, кој што покрај заштитата може да обезбееди и моменти на забава. Станува збор за кондомите на компанијата ДУО кои по краткотрајното излагање на светлина може да свети во темнина.

Се’ што  треба да направите е да го изложите на силна светлина најмалку 30 секунди, но и подолго. Никако немојте кондомот да го ставате директно на сончеви зраци или во близина на сијалица бидејќи од топлината може да се оштети. Потоа, замрачете ја просторијата во која ќе водите љубов и препуштете и’ се на магијата.

Нивната цена е малку повисока од обичните, но за жал, овој вид на кондоми се уште не се достапни на нашиот пазар.

)

.