(ВИДЕО) Светски трговски центар: 11 години во две минути

Погледнете како течеше изградбата на новиот Светски трговски центар во Њујорк. Во две минутна снимка  сместени се 11 години работа на овој објект.

Откако е урнат во терористчки напад на 11 септември 2001 година, њујоршкиот Светски трговски центар повторно е обновен и отворен во ноември минатата година.

Иако, официјално изградбата на зградата траела осум години, неофцијално објектот е граден цели 11 години, ако се земе предвид и подготовката на теренот.

На ова видео, кое е составено од 1.000 фотографии и снимки, можете во две минути да видите како изгледала изградбата на новиот комплекс на Светскиот трговси центар.