Видео: Таа е курдскиот симбол за отпор против џихадистите

Џејлан Озалп е храбра, убава и симбол на курдскиот отпор против екстремистите на Исламска држава. Затоа како бомба одекна веста за загинувањето на оваа млада хероина.

Повеќе од 30 милиони Курди живеат во четири држави, а во две од нив, во Ирак и Сирија се во првите борбени редови против екстремистите на Исламска држава.

Во изминативе две недели курдските мажи и жени војници го бранат Кобани од ИД.

Имено, една третина од курдските сили во Сирија се жени, храбри, брбени со една цел да го одбранот одна што е нивно.

Една од нив стана симбол на курдксиот отпор. Станува збор за Џејлан Озал која има само 19 години и храбро се бори рамо до рамо против екстремистите.

– Жените се најхрабрите борци. Не се плашиме од никого. Ќе се бориме докрај и попрво ќе се разнесеме со бомба одошто да дозволиме ИД да не зароби, изјавила таа во разговорот со новинар на Би Би Си.

devojkiii

Џејлан Озалп со својата храброст, а уште повеќе со нејзината физичка појава, стана симбол на курдскиот отпор против милитантите на Исламска држава. Затоа како бомба одекна веста за загинувањето на оваа млада хероина, објавена во петокот.

Турските медиуми јавија дека Дирен загинала при одбраната на Кобани. Наводно останала без муниција и со последниот куршум си го одзела животот за да не падне во рацете на оние кои би ја мачеле, силувале и на крајот би ја убиле. Џејлан пред да се самоубие преку радио врска ги повикала соборците да продолжат со битката и се простила со нив.

Сепак, куртската новинарка Мујган Халис набргу преку Твитер ја демантираше веста за загинувањето на младата воинка, а набргу демант стаса и од курдската политичарка Ајла Акат Ата.