Видео: Таа забива со две раце

Женската професионална кошарка во последно време добива нови димензии.

Пред два дена дочекавме да видиме како една кошаркарка ќе истрча контранапад и ќе забие со две раце, првпат во историјата на плеј-офот на најсилната женска кошаркарска лига во светот – ВНБА. Хероината е 24-годишната Бритни Гринер, член на Феникс.

Натпреварот од плеј-офот против Лос Анџелес е завршен со победа на тимот од Аризона, а Бритни, освен забивањето со две раце, постигна и личен рекорд во плеј-оф кариерата од 21 поени.