ВИДЕО: Тајната на Боби Браун за совршен изглед и шминка која трае

Боби Браун ве воведува во основните тајни на шминката и на совршениот изглед. Во приложеното видео во 10 едноставни чекори ќе дознаете што се е важно за да постигнете совршен изглед и шминка која трае.

Боби Браун е професионална американска шминкерка и основач на компанијата „Козметика Боби Браун“. Во својата кариера напишала осум книги за шминка и убавина.

Во моментов работи како уредник за убавина и животен стил во магазинот „Хелт“.

На видео сервисот Јутјуб може да се најдат повеќе видеа во кои оваа позната американска шминкерка ве советува кои се основните тајни на шминката и на совршениот изглед.

Погледнете го видеото!