ВИДЕО: Тајниот живот на Хит Леџер

Еве неколку тајни што сигуно не сте ги знаеле за Хит Леџер. Ако неговиот живот не прекинеше ненадејно на 22-ри јануари 2008-мата година, тој пред два дена, на 4-ти април ќе го прославеше 37-иот роденден.

Славниот актер засекогаш ќе го помниме по улогите во филмовите „Планината Броукбек“, „Бетмен – Темниот Витез“, „Казанова“, „10 нешта што ги мразам кај тебе“ итн… За филмот „Бетмен – Мрачниот витез“, Леџер постхумно го доби Оскарот, но она што малкумина го знаат е дека тој мошне сакал да се занимава со режија.

Иако не го остварил својот сон да режира филм, сепак неколку пати бил режисер на музички спотови.

Еден од првите спотови што ги снимил е за песната „Morning Yearning“ на Бен Харпер, неговиот добар пријател со кого основал и музичка куќа.

Спотот за песната „King Rat“ на групата Модест Маус е објавен дури по смртта на актерот, а тој во целост го развил концептот за него. Неговите соработници ја довршиле работата на видеото.

Леџер наводно сакал еден ден да сними документарец за пејачот Ник Дрејк, кој во 26-тата година починал од предозирање со антидепресиви.