ВИДЕО: Талент или лудост?

Куршид Хусаин постави нов Гинисов рекод. Тој успеа да напише реченица со 102 знаци за само 47 секунд, но со својот нос.

Овој 23-годишен Индиец по втор пат се запишува во Гинисовата книга на рекорди. Тој успеал за само 3,43 секунди да ја напише азбука со прсти.

Но, овој пат решил да биде поекстремен , па рацете ги врзал зад грб и пишувал само со нос.

Тој рекол дека за да воспостави нов рекорд вежбал по шест часа дневно. Пред него рекордот го држеше маж од Саудиска Арабија кој ја напиша со нос истата реченица за една минута и 33 секунди.