ВИДЕО: Талибанците нападнаа училиште – учениците заложници

Седум милитанти облечени во пакистански воени униформи утрово влегле во армиското јавно уилиште, запалиле еден автомобил, а учениците ги зеле како заложници.

Во училиштето учат околу 400-500 ученици.

Некои од оние што биле повредени во нападот биле евакуирани и пренесени во болница. За многумина од нив се вели дека се во сериозна состојба.

Пакистанската армија испратила безбедносни сили да ја опколат областа, како и воени хеликоптери и командоси.

Талибанците ја презеле одговорноста за нападот, но велат дека целта не биле учениците.

„Нашите бомбаши-самоубијци влегоа во училиштето, тие имаат инструкции да не им наштетат на децата, туку да пукаат во постарите ученици и армискиот персонал“, рекол портпаролот на талибанците Мухамед Омар Корасани за Ројтерс.

Новинската агенција додава дека од училиштето се слушаат истрели од огнено оружје и дека ситуацијата брзо се влошува.