Видео: Тамара и Даниел со заедничка песна за Нова Година

Даниел Кајмакоски и Тамара Тодевска дополнително ни го разубавија предновогодишното расположение, со нивната нова песна „За миг“.

Песната е дело на Роберт Билбилов, а видео записот е снимен на неколку локации во Скопје од Gorilla Films&Storyteller.

Големиот број дечиња од СОС Детско село Македонија, во спотот ја засилуваат моќната порака на оваа празнична песна.