ВИДЕО: Танцот инспириран од „Тешкото“ на Мишо и Сара Мејс

Сара Мејс и нејзиниот партнер Мишо го расплакаа и воодушевија жирито, но и целата публика со нивниот последен танц на шоуто „Танц со ѕвездите“ инспириран од македонското оро “Тешкото“  и македонскиот фолкор.

Овој танц бил договор помеѓу Мишо Спасовски и минатогодишниот победник, кајакарот Атанас Николовски. Заедно ја подготвувале кореографијата, а на Сара останало само да ја научи. Не можеше ниту да се претпостави што нѐ очекува на подиумот.

Танцуваа на старата  песна „Со маки сум се родила“ на која изведоа премногу емотивен танц, стилизиран со етно елементи, делови од орото „Тешкото“, многу драматични моменти и успеаја да раскажат цела приказна за борбата и маката на македонскиот народ.