ВИДЕО: Татко и ќерка станаа вистински хит на интернет

Оваа видео снимка на која се гледа како татко и ќерка пеат дует од анимираниот филм „Frozen“ стана вистинска интернет сензација.

Малата Лили седи на предното седиште и кажува дека сака да пее песна и тоа „супер гласно“, додека во тој момент таткото Крис ја пушта музиката и ја прашува дали е доволно гласно.