Македонија,Крими хроника

ВИДЕО: Татко, зет и ќерка, дел од загинатите на патот Битола- Припел

ВИДЕО: Татко, зет и ќерка, дел од загинатите на патот Битола- Припел

Според се уште непотврдени информации во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Битола – Прилеп загинале татко, ќерка и зет кои се наоѓале во патничкото моторно возило со скопски регистерски таблички „фиат тофас”.

Во патничкото возило „голф“, со битолски регистерски таблички загинаа двајца жители од селото Алданци, Крушево. Уште две лица од истото село биле тешко  повредени и се наоѓаат на лекување во одделението за интензивна нега и реанимација.

„Во тешката сообраќајна несреќа на лице место загинаа Д.И. (38) и Б.Р. (24) двајцата од Битола и Ѓ.Ф. (20) од Прилеп кои патувале со возилото „фиат тофас“. На местото на несреќата загинаа и лицата З.А. (17), А.Н. (19), а тешко повредени се А.Х. (21) и М.Ј. (18) сите жители на крушевското село Алданци“, изјави портпаролката на битолската полиција Сања Стаматова.

За причините за тешката сообраќајна несреќа полицијата најави прeс конференција во 12 часот.