Свет

ВИДЕО: Телефонски разговори доказ дека Путин команда со проруските сили

ВИДЕО: Телефонски разговори доказ дека Путин команда со проруските сили

Протекоа снимки од телефонски разговори водени меѓу полковникот Игор Гиркин (Игор Стрелцов), воен командант на „Народна Република Донецк“, и Владимир Лукин, специјален пратеник на рускиот претседател Путин, пресретнати од украинската служба за безбедност со кои се потврдува дека Русија стои зад земањето заложници,набљудувачите на ОБСЕ.

Во нивните разговори, водени на 1 и 2 мај, Лукин му дава инструкции на Гиркин (Стрелцов) за тоа како да се спроведе „работата“. Гиркин нема приговор на „работата“ бидејќи тој веќе „бил информиран“. Во нивните разговори Лукин се повикува на „потврда од највисоко ниво“.

Бидејќи Лукин е специјален пратеник на претседателот Путин, „Форбс“ упатува дека „највисокото ниво“ е токму Путин. Се чини дека разговорите меѓу Лукин и Гиркин биле со цел да се расчистат новите „работи“ со повисоките нивоа, како што е Советот на Европа.

Авторот на текстот во „Форбс“ е убеден дека снимените разговори се автентични.