ВИДЕО: Телохранител на Порошенко и ја затвори устата на руска новинарка

Еден од телохранителите на украинскиот претседател, Петро Порошенко буквално и ја затвори устата на руска новинарка за да го заштити патронот од новинарски прашања.

Дописничката на ТВ каналот “Россия 24″ се обидува да му постави прашање на украинскиот лидер, но не успева.“Како ги оценувате резултатите од преговорите?”, прашува новинарката, по што завршува во цврста прегратка на телохранителот. Тој ја задржува така неколку секунди додека Порошенко ја напушта зградата. Потоа телохранителот  и вели: “Тивко, тивко”, а на негодувањето на новинарката и нејзиното прашање: “Што правите?” тој не одговара ништо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.