Македонија,Политика

ВИДЕО: Тендерите кои ги добивале Заеви се со многу повисока вредност од тврдењата на Заев

ВИДЕО: Тендерите кои ги добивале Заеви се со многу повисока вредност од тврдењата на Заев

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и градоначалник на Општина Струмица Зоран Заев, како гостин во неделниот дневник на националниот сервис, покрај другото, говореше и за тендерите кои Општина Струмица и нејзините институции ги доделувале на фирми од семејството Заеви, објави информативниот портал „Курир“.

На поставеното новинарско прашање, Дали е етички и политички морално, Ваши блиски роднини, татко, брат, чичко, братучеди да ги добиваат тендерите во општина Струмица во време кога Вие раководите со општината,Зоран Заев одговори:

„Еве вака, овие тендери се со вредност од 108.000, 84.000, 35.000 денари“.

Но, фактите го покажуваат токму спротивното. Македонската јавност изминативе неколку месеци, во неколку наврати имаше можност да подетално да ја види и дознае вистниата. Во медиумите се појавија документи од кои можеше да се забележи дека тендерите кои ги добивале членови од потесното семејство на Зоран Заев, се со далеку поголема вредност од таа што ја спомена Зоран Заев.

Според документите кои се појавија во јавноста изминатиот период, фирмите чии сопственици се таткото и братучедот на Зоран Заев, Панче и Трајче Заев, во изминативе неколку години имаат добиено тендери со огромна вредност. Како пример ќе наброиме само неколку.
Фирмата Зови Промет на Панче Заев, во 2009 година има добиено тендер во вредност од 5.350.000 денари, во 2011 година на ист ден, фирмата исто така, има добиено два тендери во вкупна вредност од околу 15 милиони денари.

Фирмите АД Пелагонија и ИГМ Еленица, каде фигурира братучедот Трајче Заев, исто така има добивано тендери со далеку поголема вредност од таа што ја тврди Зоран Заев. АД Пелагонија во 2008 година има добиено тендер во вредност од 2.758.362 денари, додека пак во минатата 2012 година има добиено 1.977.550 денари. Ништо поразлична од овие две фирми, не е ниту фирмата ИГМ Еленица, која во период од една година, помеѓу 2008 и 2009, има добиено два тендери со вкупна вредност од околу 2 милиони денари.

Доколку се соберат средствата кои само овие фирми во сопственост на семејството Заеви ги добиле од буџетот на општината со која раководи Зоран Заев во изминативе пет години, ќе добиеме огромна сума од околу 60 милиони денари.

Очигледно, ова е далеку поголема вредност од онаа која Зоран Заев ја кажа во дневникот на МРТВ.