(ВИДЕО) Тепачка и димни бомби во албанскиот парламент

За време на пленарната седница на албанскиот парламент во понеделникот на која се гласаше за назначување на Привремен јавен обвинител, се создаде тензична атмосфера меѓу претставниците на власта и на опозицијата, која резултираше со физичка пресметка и со фрлање на неколку димни бомби,пренсува Алсат М.

Гласањето по точката беше спорно за опозицијата, која тврдеше дека таквиот чекор е противуставен. И покрај сѐ, власта ја изгласа Арта Марку за Привремен јавен обвинител.