(Видео) Тепачка во турскиот парламент

Општа тепачка меѓу пратеници од власта и опозицијата се случи денеска во турскиот парламент откако во Собранието се изгласаа измените во Изборниот закон, за кои опозиционерите тврдат дека ќе доведат до изборни измами.

Со измените е овозможено Високата изборна комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла избирачки кутии во други окрузи. Ливчињата на кои нема печат од Изборната комисија и понатаму ќе бидат важечки. Припадници на силите за безбедност ќе може да влезат на избирачко место по повик на избирач.

 

Опозицијата смета дека тие мерки ќе значат помала транспарентност при пребројување гласови и ќе и се овозможи на Владата префрлување на избирачки кутии од опозициски упоришта.

-Битката во парламентот заврши, но ние ќе се бориме за изборна безбедност на сите можни начини. Ќе одиме пред Уставниот суд поради неуставноста на овие одредби- изјави Озгур Озел, член на главната опозициска Републиканска народна партија.

идната година се предвидени и претседателските и парламентарните избори во Турција.