ВИДЕО: Жестока тепачка во украинската Рада

Привремениот претседател на Украина, Олександр Турчинов, мораше да ја прекине пленарната седница на Собранието поради судир на пратениците од Комунистичката партија и од националистичката „Слобода“.

Турканицата почна за време на излагањето на претседателот на Комунистичката партија, Пјотр Симоненко, кој го критикуиваше однесувањето на власта, што доведе до дестабилизација на ситуацијата на истокот на земјата.

Двајца припадници на националистичката „Слобода“ насила го отстранија од говорницата, по што се вмешаа сопартијците на Симоненко. Во турканиците завојуваните си разменија и по неколку тупаници.