ВИДЕО: Терористи упаднаа во редакција: Убиени 10 новинари и двајца полицајци

Најмалку 11 лица се убиени во центарот на Париз откако вооружени лица упаднале во просториите на сатиричниот магазин Charlie Hebdo.

Околу 13:30 часот француската полиција соопштила дека се убиени 12 лица, меѓу кои и двајца полицајци.

Претходно Владата го подигнала нивото на националната безбедност во Париз на највисок степен.

pukanje1

Утврдено е дека станува збор за терористички напад, изјавил францускиот претседател Франсоа Оланд.

Во 2012. година овој магазин објави контроверзна карикатура од пророкот Мухамед.

pukanje2

Според првичните сведоштва, двајцата напаѓачи, облечени во црно, пукале од Калашников.

Тие, наводно раниле еден полицаец и успеале да скокнат во возилото кое ги чекало и побегнале, при што прегазиле пешак. Според весникот „Поен“ во тек е потрага по возилото.

pukanje3

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев веднаш дошол на местото на несреќата, каде се очекува да стигнат и претседателот Оланд, како и премиерот Мануел Валс, а за 14 часа закажана е седница на Владата.