ВИДЕО: Терористите правеле дупки во ѕидовите и се префрлале од еден двор во друг

Тоа што се забележува во собите од било кој дом погоден од оган се дупки во ѕидовите за кои првично мислевме дека се направени од гранатирање, но во подоцнежна консултација со експерти, ни беше посочено дека дупките  кои членовите ги правеле се направени во обид да се префрлуваат од еден двор во друг. На масите во домовите се забележани и остатоци од храна, кикирики, сокови, Ред Бул, плински боци, Нес Кафе и храна која ја користеле додека престојувале внатре Во еден од домовите, се гледа дека семејството било тука до некое време, со остатоци од ручек и садови кои ги оставиле зад нив, пишува порталот „Кумановски муабети“.

Capture53

Како што може да се види на снимките, малите дупки на ѕидовите се користени за снајперски оган, а по остатоците од крвави маици, се гледа дека членовите на групата, погодени од оган, се обидувале да го сопрат крварењето.

Во видеото објавено од МВР доцна попладне, се гледа дека групата користела золји, рачни бомби и пушко – митралези, како и молотови коктели со кои најверојатно го предизвикале огнот во неколкуте семејни објекти.

Capture51